Интертекстуалност

1. Релација помеѓу текстовите при која еден текст содржи, цитира, парафразира или видоизменува други текстови.

2. Поим воведен во теоријата од Ј. Кр(и)стева, Р. Барт и Ж. Женет, според која смислата на еден текст е невозможно да се одреди без да се земе предвид мрежата што тој текст ја создава со други текстови. Интертекстуалноста преиспитува дали е воопшто можно да се зборува за оригинални текстови и оригинални автори. Таа го става акцентот врз компетентноста на читателот да ја дешифрира поврзаноста меѓу текстовите.

3. Форми на интертекстуалноста се: цитирањето, парафразата, алузијата, пародијата, колажот, монтажата, реминисценцијата.

Албански

Intertekstualitet

Англиски

intertextuality