Интеракција со публиката

Двонасочна комуникација меѓу медиумите и граѓаните. Развојот на социјалните мрежи ја трансформира публиката, која веќе не е пасивен примач на информации и содржини. Коментирање, реакција, а често и коригирање на грешките во медиумските содржини од страна на активните граѓани, без употреба на навреди или клевети. Фидбекот/повратната информација од публиката е важен/важна, и тогаш кога изразува задоволство од новинарскиот труд, но и тогаш кога има сериозни критики и забелешки. Реакцијата им помага на медиумите за потврда на редакцискиот однос кон темите, нo и за редефинирање на уредувачката политика за одредени прашања. Од реакциите новинарите можат да добијат и важни информации и идеи за конкретни прашања и теми. Медиумите треба да ја негуваат практиката на објавување писма или аудио/видеореакции, бидејќи на овој начин ја остваруваат улогата на заштитници на јавниот интерес.

Албански

Ndërveprim me publikun

Англиски

Interaction with the audience