Интегритет

1.Искреност, нo и доследна и бескомпромисна приврзаност кон силните етички вредности и да не се биде коруптивен.

2. Медиумите да не бидат под влијанија од надворешни интереси, како што се: политичките, економските, комерцијалните или, пак, личните интереси. Публиката треба да биде сигурна дека одлуките на медиумите за следење одреден настан или третирање на некоја тема не се донесени под влијание на договорите на медиумите со различни други субјекти. Сопствениците не треба да се мешаат во уредувачката политика на медиумите. Интегритетот го бранат не само новинарите и уредниците туку и фоторепортерите, снимателите, монтажерите и другите професионалци кои учествуваат во креирање на новинарски содржини.

Албански

Integritet

Англиски

integrity