Информатички тероризам
Терористичко дејствување врз информатички систем. Постојат два општи метода преку кои еден терорист може да изврши информациски тероризам: (1) кога целта е ИТ-технологијата или (2) кога ИТ е алатката на операцијата. Првиот метод би се насочил кон информатички систем за саботажа, или електронски или физички, притоа уништувајќи го информатичкиот систем и информатичката инфраструктура (т.е. напојување, комуникации итн.), коишто зависат од него. Во вториот случај би го манипулирал и искористил информатичкиот систем, изменувајќи или присилувајќи го системот да изврши функции кои не биле негова намена (на пример, нарушување на контролата над авиосообраќајот). Постојана дилема при борбата со тероризмот во едно демократско општество е да се најде вистинска рамнотежа помеѓу граѓанските слободи и граѓанската безбедност. Во однос на ИТ се разгледуваат специфичните прашања поврзани со оваа област.