Информациски тероризам

Дејство на вонинституционални субјекти коишто користат информациски активности кои се планирани, асиметрични и налик на воени дејствија за да ја исполнат својата цел, да предизвикаат масовни акти на терор и/или влијаат на и ја попречуваат безбедноста и/или добросостојбата на една или повеќе земји. Ваквите дејствија се прават со цел соодветно да се влијае или да се овозможи одредена промена во перцепциите на планирана целна публика; да се промовира одредена пропагандна филозофија за да се предизвика страв и промени во начинот на живеење на јавноста; да се стекнат со некоја предност, ефикасно, ефективно и да ја исполнат својата намена/цел; и да се заштитат од активностите на сојузниците, конкурентите и противниците. Асиметријата во дејствувањето, односно користењето на предностите на помала или послаба група во однос на поголема или посилна група е она што им дава предност на терористите (Швартау, 2011: 4) и во таа насока комбинацијата на асиметрични методи на тероризам и информациска војна во комбинација со комбинирана хибридна форма на асиметрична воена закана претставува информациски тероризам.

Албански

Terrorizmi i informacionit

Англиски

information terrorism