Информациски хаос
Спектар на различни типови дезинформации коишто го загадувааат јавниот простор, а кои се пласираат пред сѐ преку социјалните медиуми. Во информацискиот хаос мисинформациите се информации што се лажни, но лицето што ги шири верува дека се вистинити, а дезинформациите се информации што се лажни, а лицето што ги шири знае дека се неточни. Третата категорија информации може да се наречат злоинформации, а тоа се информации што се базираат на реалноста, но кои се користат со цел да се нанесе штета на лице, организација или држава. Важно е да се направи разлика меѓу пораките што се вистинити и оние што се лажни, но исто така и оние што се вистинити (и оние пораки во кои има некоја вистина), но кои се произведени или дистрибуирани од „агенти“, кои имаат намера да му наштетат, наместо да му служат на јавниот интерес.