Информациска мрежа

Структура којашто се користи за пренесување на различни форми и видови информации. Нејзината основна структура се состои од гранки коишто поврзуваат одредени јазли. Голем број научници и истражувачи се занимавале со прашањето за дефинирање на информатичката мрежа во зависност од функционалната организација и преносот на податоци и заедно со класификацијата на информатичките мрежи. Информатичките мрежи имаат широка примена речиси во сите научни дисциплини. Спроведени се голем број истражувања за користењето на информатичките мрежи (на пример, комбинирани, длабински информатички мрежи, хетерогени информатички мрежи и вселенски информатички мрежи) во полето на медицината за полесно откривање болести, создавање лекови итн., како и други потреби за поддршка на комуникација во реално време, пренос на големи количества податоци, како и обработка на податоци.

Албански

Rrjeti i informacionit

Англиски

Information net