Информациска компетентност на публиката/нивоа на компетентност
Постојат неколку индикатори за медиумската и информациската писменост на публиката и нејзината компетентност:
1) мотивациски (мотиви за контакт со информации;
2) контактен (фреквенција на комуникацијата / контакт со информации);
3) когнитивен (познавање на терминологијата, теоријата на информации и карактеристиките на процесите на [масовната] комуникација);
4) перцептивен (способност за согледување информации);
5) интерпретативен / евалуативен (способност за толкување, анализа на информации врз основа на одредено ниво на перцепција, критичка автономија);
6) практичен и оперативен (способност за креирање / ширење информации);
7) креативен (присуство на креативност во различни аспекти на активност ‒ перцептивна, уметничка, истражувачка итн.).