Информации од сервисен карактер

Дневни или периодични информации во медиумите соопштени од надлежните институции: временска прогноза, преминување на државните граници, состојба на патиштата, цени на производите и услугите, курсна листа, официјални финансиски извештаи, статистички податоци и сл. Сервисни информации се и апели за хуманитарна помош, активности за заштита на животната средина, потраги по исчезнати лица, дефекти на инфраструктурни мрежи и сл. За ваквите содржини треба да се назначи изворот и за објавување мора да постои недвосмислена оправданост. Информациите од сервисен карактер треба да се третираат во медиумите земајќи го предвид кредибилитетот на изворот.

Англиски

service information