Информации од јавен карактер
Информаци и содржини во документи и во која било друга форма со кои располагаат имателите на информации: органите на државната власт, општините, установите и јавните служби, јавните претпријатија и други правни и физички лица коишто вршат јавни овластувања. Обезбедуваат јавност и отвореност на државните и на јавните институции. Jавноста има право да ги знае преку остварувањето на правото за слободен пристап до нив. Oд јавен карактер не се доверливите информации со соодветен степен на тајност, информации чиешто откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци, информации за архивското работење коишто се утврдени како доверливи и слични на нив, коишто не се за јавно соопштување.