Инфографикон/инфографик

Визуелна презентација на информации или податоци. Најчесто се користи за да можат одредени информации да се објаснат на едноставен начин преку графички приказ. Во денешно време, кога сите сме соочени со безброј информации, инфографиконите се одвојуваат поради впечатливиот, но и прегледен и едноставен дизајн. Претставува моќна маркетинг-алатка бидејќи на луѓето им е полесно и попривлечно да погледнат еден инфографикон, одошто да читаат долги текстови со премногу податоци.

Албански

Infografikë

Англиски

Infographics