Означување

1. Корисничка опција што ја создаде социјалната мрежа Фејсбук пред неколку години и оттогаш многу други социјални мрежи ја интегрираа во своите платформи. Вклучува означување во кој било тип објава, коешто се остварува преку поврзување на името на пријателот и самата објава. Корисникот кој е означен (тагиран) е редовно известен за тоа дека е спомнат во друга објава. Ако поставките за приватност на означениот корисник се поставени како јавни, објавата ќе се појави на неговиот профил и може да ја видат и неговите пријатели. Може да се појави автоматски во реално време или по нивното одобрување, во зависност од тоа како корисникот на социјалната мрежа ги нагодил параметрите за означување.

2. Да се посочи или истакне нешто или некого (во негативна смисла).

Албански

Etiketim/bërje tag

Англиски

tаgging