Означеник/означувач
Во лингвистиката, тргнувајќи од структуралистичката теорија на Де Сосир, според која јазикот е систем од знаци, јазичниот знак е двостран, односно е составен од означеник и означувач. Означеник е поимот, она што се означува, содржината на зборот, а означувач е звучната или буквената слика на она што се означува, формата на зборот.