Отчетност
Подготвеност на новинарите да одговараат пред јавноста за својата работа. Важна е кога станува збор за мислењето на публиката за исполнувањето на основните новинарски стандарди од страна на медиумот или на новинарот. Медиумите и новинарите треба искрено и отворено да ги признаваат грешките во текот на својата работа, навреме да ги поправаат и да градат култура на учење од грешките.