Ораторство
Уметност на јавен настап со цел да се убеди публиката во она што се зборува. Ораторската вештина претставува комбинација од реторика, актерска уметност и техники на манипулација. Целта на ораторството е излагање на своите позиции пред опонентите или пред публиката, со цел да се одбрани својата гледна точка, при што се користи однапред подготвен говор и ораторска техника.