Онлајн-заедници

Се нарекуваат и виртуелни заедници или е-заедници.Тие се групи луѓе кои меѓу себе комуницираат, по пат на посредници, како што се: електронската пошта (Gmail, Hotmail, Yahoo), преку социјалните мрежи: Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Линкдин, Јутјуб или разни онлајн-платформи, како на пример Зум, Гугл класрум, Гугл мит, Гугл дуо, Гоутумитинг, Мајкрософт тимс и др. Комуникацијата се остварува преку виртуелни простори за разговор со текст, но и со глас или видео. Онлајн-заедниците станале облик на комуникација за друштвени, стручни, образовни или други цели помеѓу луѓе, кои меѓу себе се познаваат, но и меѓу тие кои се знаат само според виртуелниот идентитет. Во денешно време се развиваат и платформи за развој на економската онлајн-заедница.

Албански

Komunitete online

Англиски

Online communities