Лингвистика
Наука за јазикот што се занимава со проучување на сите аспекти на човековиот јазик, неговата природа и неговата структура. Го проучува јазикот на сите рамништа: фонетско-фонолошко, морфолошко, лексичко, синтаксичко, прагматичко. Лингвистиката може да биде теоретска и применета. Исто така, може да биде синхрониска (описна, за определен временски период) и дијахрониска (историска). Лингвистиката е поврзана со филозофијата на јазикот, стилистиката, реториката, семиотиката, лексикографијата, преводот, психолингвистиката, социолингвистиката.