Лажна поврзаност
Ситуација кога насловите, визуелните прикази или натписите не ја поддржуваат содржината. Со зголемениот натпревар за привлекување на вниманието на публиката, уредниците сè повеќе пишуваат наслови коишто ќе ги привлечат читателите да кликнат на нивните содржини, дури и доколку по читањето на написот луѓето почувствуваат дека биле измамени. Ова може да се случи и при користење визуелни прикази на Фејсбук, со цел да се даде одреден впечаток што не е поддржан со текст.