Лексикологија
Дел од лингвистиката кој се занимава со проучување на зборовите и на лексичкиот состав на јазикот. Лексикологијата ги проучува: содржината на зборовите, нивното значење, врската на зборовите со поимите, способноста за означување, именување на поимите. Сите зборови на еден јазик се меѓусебно поврзани во т.н. лексички систем. Задачата на лексикологијата е да го анализира и проучува тој лексички систем и затоа лексикологијата не е само наука за зборовите туку и наука за системската организација на лексиката, за тоа каква е семантичката структура на зборовите, какви врски и односи развиваат тие меѓусебно, како воопшто функционираат зборовите во јазикот, кои се тенденциите и закономерностите во развојот на лексичкиот систем; проучување на зборовите според сферата на употреба, според потеклото и според процесот на обновување итн.