Лични податоци
Секоја информација којашто се однесува на идентификувано физичко лице или лице кое може да се идентификува, чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно. Идентификацијата може да биде извршена врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Лични податоци се: име и презиме, адреса, датум на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, број на лична карта, фотографија на документи за идентификација, телефонски број, и-мејл адреса, но и податоци од здравствена легитимација или податоци од потврда на осигурено лице.