Калка
Во лингвистиката, преземање и преведување збор по збор од еден јазик на друг. Лексичките калки се буквален превод, односно копија на морфолошката и на семантичката структура на туѓ збор или израз. Самиот процес на произведување на калката се нарекува калкирање. На пр.: правопис е калка од грчкиот збор ортографија, азбука од алфабет итн. Кај зборообразувачките калки се преведуваат составните делови, односно морфеми (претставка, корен, наставка) и нивниот редослед. Првите калки во македонскиот јазик потекнуваат од првите преводи на старословенски и подоцна на црковнословенски јазик.