Кампања од јавен интерес
Oблик на комуникација со цел преку низа планирани активности да се наведе јавноста на мобилизација за постигнување посакувани социјални, економски, еколошки и политички промени. Настојување да се информира, едуцира и да се подигне свеста на јавноста за одредено прашање и како резултат на тоа да се постигнат промени во однесувањето на поединците, групите, организациите и општеството. Јавни комуникациски кампањи се, на пример, оние за подигање на свеста околу опасностите од пушењето, алкохолизмот или наркоманијата, значењето на безбедното возење, заштитата на децата и возрасните лица, заштитата на лицата со посебни потреби, подобрувањето на односот кон маргиналните групи, странците или мигрантите, кампањите за јавно здравје, подобро образование, здрава храна, развој на спортот, еколошка свест и слични кампањи.