Индикатори за слободата на медиумите
Квалитативни показатели за нивото на слобода на медиумите. Првиот индикатор се всушност правните гаранции, како што се независност на регулаторното тело и на јавниот сервис, државното рекламирање и законските одредби поврзани со клеветата и нивната примена. Вториот индикатор е положбата на новинарите во редакциите, односно уредувачката независност во приватните медиуми, јавниот сервис и непрофитните медиуми, но и економската положба на новинарите. Третиот е поврзан со заштитните мерки на новинарите при извршување на нивните задачи.