Голем јазичен модел

Форма на вештачка интелигенција која, врз основа на јазични алгоритми и процесирање огромни количини податоци од интернет, може да разбере и да создаде, па дури и да предвиди нова текстуална содржина. Корисникот на ГЈМ ги внесува прашањата, истрагите или потребните податоци и клучни зборови на природен јазик, чијашто логика и процесирање ги следи софтверот и на таков начин произведува текст. Тој може да напише текст на која било зададена тема, да изврши превод, да сумира, да протолкува или да парафразира текстуална содржина, да одговори на прашања. Најпознатиот и најшироко распространет голем јазичен модел во моментов е ChatGPT.

Албански

Modeli i madh gjuhësor

Англиски

Large language model