Гест

Движење на делови од телото, особено на рацете, главата, лицето, од комуникативни причини, т.е. како свесна активност за да се предизвика внимание кај соговорниците или кај публиката или за да се одговори на друга таква активност. Гестот од некомуникативни причини се случува несвесно, како реакција на телесни дразби. Значењето на некои гестови бара тие да бидат придружени со зборување. Некоиносат универзално значење, а некои се творба на моментната комуникациска ситуација. Тие се и културолошка одлика на средината ‒ треба да се користат внимателно во непознати култури. Јазикот на телото искажан низ овие движења во многу професии зборува за степенот на работната етика, доколку лицето е визуелно изложено или има визуелен контакт со соработниците или со публиката.

Албански

Gjest

Англиски

gesture

За повеќе види:

Allan and Barbara Pease, The Definitive Book of Body Laguage, Orion, 2004.