Генерација зет

Луѓе родени од крајот на минатиот (1995 ‒ ’96) до крајот на првата деценија од новиот век (2010 г.), т.н. дигитални домородци или староседелци, бидејќи уште од раното детство се запознаени со интернетот, технологијата и социјалните платформи, и не го паметат времето пред овие придобивки. Тие се активни креатори на содржини на социјалните мрежи, а имаат и дигитален активистички приод кон различни светски проблеми и се сметаат за генерација којашто има инклузивен пристап, прифаќајќи ги различностите без предрасуди.

Албански

Gjenerata Z

Англиски

Generation Z