Формално образование
Образование што се стекнува преку образовни институции со востановена академска програма (курикулум), организирана настава и соодветни сертификати (свидетелства, дипломи) по завршувањето. Може да се оствари преку лично, физичко присуство на наставата или со учење на далечина. Формалното образование подлежи на определени стандарди и критериуми, а учениците или студентите напредуваат од едно ниво или степен на образование до друг(о).