Фактор на влијание/импакт-фактор

Алатка која ја мери цитираноста на определено научно списание, односно на статиите или на научните трудови објавени во него. Служи како параметар за оценка, споредување и рангирање на списанијата во потесната научна област. Импакт-факторот е индекс на годишно ниво, којшто се добива како количник од бројот на цитирани трудови од едно списание и вкупниот број трудови објавени во тоа списание, во текот на двете претходни години.

Англиски

Impact factor