Фељтон
Жанр на монографско-публицистичкиот потстил, којшто се одликува со богата документаристика, но и со белези на книжевниот стил. Фељтонот е подолг вид, којшто може да се објави интегрално или периодично, во продолженија. Фељтонот е меѓужанр којшто опфаќа историски, политички или други видови општествени податоци, имиња, факти, но е најчесто дело на еден автор или на група автори кои изнесуваат сопствени согледувања – учесници во настаните, активни набљудувачи или раскажувачи. Спаѓа во т.н. нефикциска проза. Тој е наменет за поширока читателска публика и, оттаму, неговиот стил е јасен и разбирлив.