Факција

[Кованица од факт и фикција] Фaкција или докудрама се однесува главно на телевизиски документарни програми во коишто актерите ги пресоздаваат животите на историски личности или играат улоги на познати личности од непосредното минато. За ТВ-продуцентите, факцијата е идеална синтеза на образование, информации и забава, иако многу селективни и длабоко обоени од современите перспективи. Кога фикцијата се претставува како документарец, делото се смета за лажен документарец и има за цел да ја испита границата помеѓу реалното и измисленото.

Албански

Faksion

Англиски

faction