Фонетика/фонологија
Фонетиката се занимава со физичката продукција на звуците, главно од човековиот говор, односно нивната артикулација, особеностите на одделни јазици и перцепцијата на звуците (или знаците во знаковниот говор). Фонологијата е дел од лингвистиката којшто се занимава со гласовниот (или знаковниот во знаковните јазици) систем на јазиците, односно неговата организација, функцијата на гласовите и нивното однесување во определено (гласовно) опкружување. Фонологијата може да биде дијахрониска (историска) и синхрониска (описна).