Евристика во медиумска смисла
Метод на истражување кога се бара вистината преку прашања. Во медиумска смисла, евристичкиот метод се употребува во широк опсег, како на пример, во рекламирањето и во одлуките на потрошувачите, во вестите и во политичките ставови, на телевизија и во креирањето на општествената реалност преку убедување. Една содржина ако се коментира и се шири, публиката повеќе ја гледа и се присетува на неа, бидејќи ѝ е зачувана длабоко во меморијата. Тоаможе да доведе определено неточно тврдење луѓето да го доживеат како точно,само затоа што лесно може да се сетат на него.