Економија на внимание

1. Теорија којашто го поврзува денешното богатство или недостаток на информации за една економија со вниманието од страна на поединци, особено како потрошувачи. Како значаен фактор за економијата на вниманието се смета ширењето на достапни информации на интернет.

2. Економски систем во којшто продавачите на стоки и услуги мора да се натпреваруваат за да го привлечат вниманието на потенцијалните потрошувачи. Концептот на економија на вниманието за првпат го развил Херберт Александар Сајмон, американски економист, политиколог и когнитивен психолог, во својата статија од 1971 година „Дизајнирање на организации за свет богат со информации“.

Албански

Ekonomia e vëmendjes

Англиски

attention economy