Егзотизам

1. Нагласување на  егзотичните особености на предметите и појавите од далечни земји во секојдневниот живот и во уметничкото творештво.

2. Збор позајмен од туѓ јазик и со специфичниот гласовен состав; означува предмети и појави од разни сфери на живеењето, несвојствени за  средината што ги презема во јазичната комуникација: врап, саке, гну, игло, вигвам, атол, фјорд, кану, бенџо, фес, валцер, корида, харакири, гејша, кибуц и др.

Албански

Ekzotizëm

Англиски

exoticism