Екранизам

Термин што, во поново време, во психологијата се користи за негативното влијание на екраните врз децата, односно за влијанието на времето поминато пред екраните врз забавувањето на детскиот когнитивен, јазичен, физички и психосоцијален раст и развој. Екранизмот значи дека децата што во несоодветна возраст и несоодветно време во текот на денот се изложени на компјутери, таблети или телефони искусуваат ограничување во нивниот моторички и сензорен развој. Понекогаш однесувањето на децата може да биде многу слично на оние од аутистичниот спектар.

Албански

Ekranizëm

Англиски

Screenism