Еуфемизам
Изразно средство со кое се избегнува употребата на непријатни илинепристојни зборови и изрази на тој начин што се заменуваат со зборови и изрази со исто значење, но со попријатна или попристојна форма. Се користи заради учтивост во комуникацијата и поради разни религиозни, општествени и политички причини: ја заобиколува вистината ʻлажеʼ, малку е весела ʻпијана еʼ, физички нè напушти ʻпочинаʼ, земји во развој ʻнеразвиени земјиʼ, следува правен епилог ʻследува судска разврскаʼ.