Епитет
Стилска фигура со која се истакнува особина на некој поим, лице или предмет. Најчесто е во форма на збор со атрибутивна функција и со нагласена естетска и експресивна вредност. Вообичаено придавката е епитет на именката: сребрени улици, длабока мудрост, ѕвонлива смеа, но како епитет може да се употреби и именка: интернет-пребарувач, предлог-програма, жена премиер. Прилозите се јавуваат како стилски обележувачи на глаголите: бесчујно скандираа, одговара скокотливо, вежбаат добезздивно.
Албански
Epitet
Англиски
Epithet
За повеќе види:
Л. Минова-Ѓуркова, Стилистика на современиот македонски јазик, Магор, Скопје, 2003