Емоџи

Електронски пиктографи и идеографи коишто се користат на веб-страниците и на социјалните медиуми. За разлика од емотиконите, емоџите се цртежи, а не текстуални прикази. Означуваат фацијални експресии, професии, активности, животни, храна, јавни установи, возила, облека, сообраќајни знаци, знамиња. Освен денотативно, знаат да имаат и конотативно значење (на пример, расплакано емоџи симболизира смеа, модриот патлиџан пенис, праската задник).

Албански

Emoxhi

Англиски

Emoji