Банер
1. Наслов на мошне важна вест што ја опфаќа целата ширина на весникот.
2. Слоган којшто се наоѓа веднаш под името на весникот.
3. Реклами (слогани) поставени на видливо место на веб-страница, што се примамливи за око, за да му го привлечат вниманието на посетителот. Можат да бидат слики или анимации и да служат како линк до веб-страницата на клиентот. Банерите влијаат на потрошувачите со што ја зголемуваат продажбата.
4. Печатена реклама која се состои од платно на коешто се наоѓа содржината и основа којашто овозможува платното да стои исправено.