Белина

1. Простор без печатен текст на страница од книга, весник; сл. маргина и проред.

2. Како правописен знак е празното место во текстот, помеѓу зборовите, зад интерпункциските знаци и зад правописни знаци. Не се употребува пред реченичните знаци: точка, запирка, две точки и др.; помеѓу наводниците, полунаводниците, заградите и текстот што е во нив итн.

Албански

Hapësirë e bardhë

Англиски

space

За повеќе види:

Правопис на македонскиот јазик – второ издание, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Култура АД, 2017