Библиографија
1. Литература користена при пишување на некој текст или труд. Таа може да биде примарна, односно да се состои од делата врз чиишто примери се пишувал трудот, и секундарна, литературата којашто дополнително се користела или се консултирала за да се напише трудот. Библиографските единици се запишуваат по утврден систем на референцирање и секогаш по азбучен ред.
2. Список на дела објавени во определена област или напишани од определен автор.