Автоцензура, самоцензура

Смислено отстранување на делови од медиумски текст од страна на авторот за кои тој смета дека од некакви причини не може да се објават јавно. Феноменот на автоцензура може да се појави од различни причини:

– кога авторот смета дека определени фрагменти не се соодветни за целната публика, како што е примерот со отфрлање еротски сцени од текст којшто е наменет за деца;

– надворешни ограничување на слободата на говорот, кои се отсликуваат во притисоци или загрозување на личната безбедност на авторот или повреда на неговото достоинство, а исто така и можност за определени санкции или негативни социјални последици врз него;

– ограничување на просторот, односно бројот на знаците во пишаните медиуми или ограничување на времето во програмата, со што авторот нема можност во целост да го објави својот текст.

Албански

Autocensurë, vetëcensurë

Англиски

Self-censorship