Абревијација
Скратување на збор или на фраза заради штедење простор и време за пишување; се бележи со точка или со цртичка, се пишува на кирилица со почетна мала буква: мак. – македонски, п. н. е. – преɡ нашата ера, с-ка – сметка, но има отстапувања од правилото: км – километар, b – бит, е-пошта – електронска пошта, зум+ – зумирај. Скратувањата се читаат со целите зборови на кои се однесуваат. Во интернет-преписката се вообичаени скратувања на зборови од англискиот јазик: бро – brother, сис – sister, tnx – thanks и скратувања на реченици: нз – не знам, сс – се слушаме, мнт – мислам на тебе.