Адверторијал
1. Платен напис во печатот, прилог на телевизија или радио што се пишува во новинарски стил, а содржината изгледа како да дава повеќе факти, да промовира услуга или производ, а не да продаде производ. Тоа е кованица од англиските зборови за рекламирање ‒ advertising и за уредувачки текст ‒ editorial. Овој производ мора да биде визуелно одвоен од другите текстови во печатот или во прилозите на телевизија и радио, јасно истакнат како платен простор.
2. Хибридна форма меѓу авторски текст и реклама.