Ад хоминем
Непринципиелен аргумент, односно напад врз соговорникот. Буквалното значење на овој израз е „кон човекот“ или „против човекот“, а неговата подолга варијанта е argumentum ad hominem (на латински). Се однесува на напад или теза којашто се занимава со тоа каков е човекот што кажал нешто, а не со она што го кажал. Притоа се напаѓа карактерот, навиките или изгледот на опонентот, а не се дискутираат неговите идеи, тврдења или фактите што ги изнесува.