Аугментирана реалност, засилена реалност
Технологија којашто му овозможува на корисникот вкрстено гледање на реалноста во коешто компјутерски генерирани визуелни содржини се комбинираат со перцепцијата на реалниот свет. Станува збор за интерактивен тип дигитални содржини коишто покрај визуелни, можат да вклучат аудио, тактилни и олфакторни (мирисливи) содржини и сигнали.