Архаизам

Застарен збор со ретка употреба или што е заменет со нов; може да биде домашен: глаголи ʻзборуваʼ, злодејание ʻзлосторствоʼ, кончарка ʻштичка на која се виткаат конци за везењеʼили позајмен: еким ʻлекарʼ, орман ʻмногу густа шумаʼ, муур ʻпечатʼ. Исто: застарена јазична или граматичка форма: вази ʻвасʼ, стоечкум ʻстоејќиʼ, венчание ʻвенчавкаʼ.

Албански

Arkaizëm

Англиски

Archaism

За повеќе види:

С. Груевска-Маџоска, Лексикологија на македонскиот јазик, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје, 2022