Арбитрарност
Приближност, произволност. Во лингвистиката: појава карактеристична за јазикот според која зборот што го означува поимот е произволно избран и нема однапред дадена поврзаност меѓу зборот и поимот, туку е резултат на конвенција, односно договор. Посебна група се само ономатопејските зборови кои се добиени како резултат на имитирање звуци (ав-ав, мјау, кре-кре, кап-кап, туп-туп итн.).