Апострофа
Стилско изразно средство со кое зборувачот се обраќа кон отсутен или замислен соговорник, како и кон персонифициран предмет или апстрактен поим; еден вид отстранување од тековната јазична комуникација и насочување на вниманието на соговорникот или на публиката кон замислениот соговорник. Секогаш е во форма за вокатив, а многу често се воведува со сообразен извик или партикула: Ој, Македонијо, кај ти е без нас алот!; Еј, животе, расипан банкомату!; Ајде, снегу, завеј веќе!; Аман, деца, со тие мотори навечер!
Албански
Apostrofë
Англиски
Apostrophe
За повеќе види:
Ndre Mjeda – Poezia Lamtumirë