Антоними
Зборови спротивни по значење. Искажуваат различни видови спротивставување: комплементарно – поимите значенски се дијаметрално поставени, меѓу нив не можат да се внесат поими со помала или поголема застапеност на значењето: вистина – лага, зборува – молчи; контрастно – има можност за постоење трет член меѓу двата поима: млад – возрасен – стар, висок – среден – низок и контрадикција – вториот член не е доволно нагласен: јак – нејак, расонет – нерасонет. Експресивноста во исказот ја постигнуваат со употребата на двата спротивставени члена.
Албански
Antonime
Англиски
Antonyms
За повеќе види:
1. С. Груевска-Маџоска, Лексикологија на македонскиот јазик, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје, 2022;
2. Е. Ниами, Речник на антонимите во македонскиот јазик, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје, 2021.